Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАМПАЊАТА ЈА ПОЧНА СО МЛАДИТЕ - Зибери на кафе во Чаршија, имаше и лица без маски

КАМПАЊАТА ЈА ПОЧНА СО МЛАДИТЕ - Зибери на кафе во Чаршија, имаше и лица без маски

Кандидатот за прв премиер Албанец предложен од ДУИ, својата кампања ја почна преку дружба со младите.

Тој на својот фејсбук профил објави фотографија како седи во Чаршија на кафе со неколку млади граѓани, веројатно активисти на ДУИ, партијата која го предложи да биде прв кандидат за премиер Албанец.

„Кафе со младите во стариот скопски базар. Времето е за нас“, пишува Зибери.

Од фотографијата може да се види дека Зибери седи со младите на три маси, кои не се споени, но веројатно не се ни раздалечени најмалку 1,5 метри, како што е пропишано со здравствените протоколи за работа на угоститителските објекти. 

Дел од младите кои седат со Зибери не носат маски, а дел носат, но не се и преку устата и носат, како што налагаат здравствените протоколи.

Денеска на брифинг со новинарите Зибери не даде конкретен одговор зошто за релативно кратко време го промени својот став, откако претходно за него беше неприфатлива идејата на ДУИ за кампањата со барање за прв премиер Албанец. 

Слично

Поврзани вести