Кампања трет ден, на митинзи без проверки на сертификати за вакцини
Во полн ек завчера стартуваше изборната кампања. Митинзите на партиите кои се борат за градоначалнички општини почнаа а делумно ниедна партија не спроведува протоколи според последните мерки за заштита од коронавирусот.

Засега на ниту еден митинг не е забележано да се побара од граѓаните сертификат за примена вакцина. Меѓудругото забележливо беше и дека ретки се оние кои носат маски а присутните министри , советници, високи лица на партиите меѓусебе се прегрнуваат и поздравуваат.

Последните мерки кои ги изгласа Владата за заштита од Ковид 19 велат дека сертификат за вакциниција или за прележан ковид-19 е задолжителен за секаков вид на настан на отворен простор, сепак ниту една од партиите не го испочитува ова во првите два дена од митингувањето.
