Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАМИОНОТ НА СМРТТА ШТО ГО ПОТРЕСЕ СВЕТОТ - во Виетнам 7 обвинети

КАМИОНОТ НА СМРТТА ШТО ГО ПОТРЕСЕ СВЕТОТ - во Виетнам 7 обвинети

Се уште се свежи сеќавањата на камионот на смртта која ја потресе целата светска јавност пред неколку месеци. Сега тој им епилог со седум обвинети лица во Виетнам, заради смртта на 39 виетнамски мигранти, чии тела беа пронајдени во октомври лани, во камион во близина на Лондон.

Официјалната Виетнамска новинска агенција соопшти дека осомничените се обвинети за организирање и посредување во илегална емиграција. Истрагата покажала дека обвинетите помогнале во тоа 67 луѓе илегално да патуваат во европските земји заради работа. Виетнамската полиција ја повика владата да побара помош од Интерпол во издавање на меѓународна потерница за апсење на еден од осомничените кој живее во Кина.

Инаку, жртвите биле од Виетнам, на старост помеѓу 15 и 44 години. Се верува дека им платиле на криумчарите за илегално префрлање во Англија. Полицијата соопшти дека мигрантите умреле од комбинација на недостаток на кислород и прегревање во затворен простор.

Неколку луѓе се обвинети и во Велика Британија за убиство или помагање во илегална имиграција.

Слично

Поврзани вести