Економија, финансии, бизнис

Контакт

Камионџијата кој загина во Хрватска е од Струмица

Камионџијата кој загина во Хрватска е од Струмица

Во тешката сообраќајна несреќа што вчера се случи кај Славонски Брод во Хрватска загинал камионџија од Струмица, кој управувал камион со македонски регистарски таблички и работел за транспортна фирма од Куманово, пренесуваат повеќе медиуми.

Ккамионот излетал од коловозот, ја пробил централната заштитна ограда, удрил во столб за улично осветлување и потоа преминал на спротивната лента, по што избувнал пожар. Возилото целосно изгорело, а возачот останал заглавен сам во кабината.

Од Полициската управа Брод-Посавина соопштиле дека камионот, движејќи се по јужната лента на автопатот А3, изгубил контрола и по излетувањето повеќепати удирал во заштитната ограда и инфраструктурни столбови, по што избувнал пожар кој брзо го зафатил целото возило.

Очевидци за хрватските медиуми изјавиле дека пламенот се проширил многу брзо и дека не можеле да пристапат до кабината за да му помогнат на возачот.

На местото интервенирале противпожарни екипи, а поради оштетувања на електричната инфраструктура биле повикани и служби на ХЕП. Сообраќајот на овој дел од автопатот со часови бил во прекин или се одвивал под посебен режим додека траеле увидот и санацијата на последиците. 

фото принтскрин јутјуб

Слично

Поврзани вести