Камион со брашно ја уништи новата патарина финансирана од ЕБОР
Фото: Сител
Камион натоварен со брашно денеска уништи две наплатни кабини на една од двете нови патарини кои со пари финансирани од ЕБОР се градат на автопатот Миладиновци - Штип.
Овие наплатни станици ЈП „Државни патишта“ очекуваше да бидат пуштени во употреба уште во првиот квартал од 2022.
Товарното возило влетало во кабината за наплата на новата патарина пред Штип по што се превртело при излегувањето. Нема информации за повредени во сообраќајката како и за состојбата на возачот на камионот. Кабините биле празни.
Стоката која ја превезувал, поради силината на ударот и превртената приколка е испадната.
Од МВР велат дека го проверуваат случајот. Полицијата прави увид, а засега причините за несреќата се непознати.
Слично
