Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАМИОН СЕ ПРЕВРТЕЛ: Целосен прекин на сообраќајот има кај Дреново

КАМИОН СЕ ПРЕВРТЕЛ: Целосен прекин на сообраќајот има кај Дреново

Целосен прекин има кај Дреново, а сообраќајот е пренасочен.  Од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека, поради блокираниот пат, сообраќајот се пренасочува по стариот пат низ село Росоман.

Сообраќајот на експресниот пат од Градско кон Прилеп, во близина на селото Дреново, е во целосен прекин поради сообраќајна незгода во која учествувал камион, што целосно го попречува патот.

Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на патот, по што ќе следува нормализирање на сообраќајот. Засега нема информации за евентуални повредени лица.

Слично

Поврзани вести