Економија, финансии, бизнис

Контакт

Камион се преврте во валандовско - каква е состојбата на возачот?

Камион се преврте во валандовско - каква е состојбата на возачот?

Повреден е возач на камион откако се превртел кај Валандовско брдо. 

Од СВР Струмица информираат дека сообраќајката се случила во 6 часот и 45 минути на патот од село Костурино кон Валандово во која учествувало товарно патничко возило марка „мерцедес“ со струмички регистарски таблици.

Од засега непознати причини камионот се превртел на патот, а возачот се здобил со телесни повреди и е пренесен во Градската општа болница во Струмица. Сопатникот не се пожалил на повреди и не побарал лекарска помош.

Увид на местото на несреќата вршат екипи на СВР Струмица. 

Патниот правец Струмица – Валандово кај Валандовско брдо утринава е во прекин поради сообраќајна незгода, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Слично

Поврзани вести