Економија, финансии, бизнис

Контакт

Камион пропадна во новоасфалтирана улица во Охрид

Камион пропадна во новоасфалтирана улица во Охрид

Локалниот огранок на СДСМ сподели фотографија од камион кој пропаднал на улицата „Аџи Мустафа“.во Охрид.

„По повеќе од 6 месеци хаотични и неспособно водени работи на улицата „Аџи Мустафа“, денес камион пропадна среде патот, разоткривајќи ја целосната негрижа и неспособност на локалната власт.

Наместо безбедна и функционална улица, граѓаните добија раскопан хаос, небезбедни услови и секојдневни проблеми“, реагираат од СДСМ Охрид.

Асфалтирањето на улицата „Аџи Мустафа“ со површина од 4800м2, како и изградбата на нови сливници за одведување на атмосферските води, заврши во текот на минатиот месец.

Вредноста на проектот изнесуваше 8.079.000 денари, а е реализиран преку Министерството за транспорт преку проектот за локални патишта.


Слично

Поврзани вести