Камион повторно пропадна во фонтаната на плоштадот во Скопје
Комерцијално возило повторно пропадна во подземната фонтана на плоштадот во Скопје.
Глетката веќе станува вообичаена за скопјани, бидејќи досега неколку камиони пропаднаа на истото место и ја оштетуваа фонтаната на плоштадот.
Камион е со странски регистарски таблички. Фонтаната подолго време не е во функција.
Претходно властите апелираа да не се поминува со возила таму. Екипите на МВР се на терен и се прави записник.
Пред 2 месеца пропадна камион со опрема за „Пиволенд“
Површинската фонтана е направена во времето на Коце Трајановски и чини 2,5 милиони евра.
Слично
