Камион по којзнае кој пат пропадна кај плоштад Македонија, Град Скопје ќе го казни
Уште еден камион денеска којзнае по кој пат пропадна на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје во делот каде се наоѓа партерната фонтана и го оштетил плочникот со предницата.
Јавното претпријатие „Градски паркинг“ – „пајак“ интервенираше во излегувањето на камионот, а од Град Скопје велат дека станува збор за фирма која неовластено со камионот влегла на плоштадот и го оштетила плочникот.
„Градот Скопје остро го осудува овој чин, ќе ги преземе сите законски мерки за извршување на инспекциски надзор како и за санкционирање, по што за причинетата штета врз јавните добра на плоштадот ќе се бара надомест на штета“, гласи објаснувањето од градската управа.
Од таму додаваат дека однесувањето на поединци е недозволиво и за истото ќе се спроведат најстроги санкции.
