Економија, финансии, бизнис

Контакт

Камион кипер смачка паркиран пик-ап во кој имало луѓе

Камион кипер смачка паркиран пик-ап во кој имало луѓе

На новата делница која се гради помеѓу Штип и Свети Николе, претпладне камион кипер со песок  паднал врз паркиран пик-ап, кој бил во негова близина. 

Во пик-апот имало 4 лица кои дошле за да им поделат заштитни елеци на возачите на камиони кои работат на патот. Тие останале  во возилото, а врз нив се истурил песок. Нив од возилото ги извлекле пожарникари. Едно лице имало повреди на нозете и е пренесено во штипската клиничка болница, а другите тројца се здобиле со лесни телесни повреди. 

Полицијата ќе ги утврди причините за несреќата. 

Слично

Поврзани вести