Економија, финансии, бизнис

Контакт

Камерманот на „Медена земја“ снима во Вухан

Камерманот на „Медена земја“ снима во Вухан

Фејми Даут, еден од двајцата директори на фотографија на „Медена земја“, снима документарен филм во американско-кинеска продукција во Вухан, Кина, жариштето на пандемијата. 

Тоа го потврди за „Само Прашај“ доловувајќи ја атмосферата за тоа каков е животот во местото каде се појави Ковид-19. Град е затворен од 28 јануари, а дури денеска делумно се ослободи од строгите рестрикции.

Во видео јавувањето камерманот го опишува Вухан како град на духови под изолација на кинески начин: со задолжителни маски и ракавици, танцувања на отворено за да се подигнува духот и чување на сопственото и здравјето на другите.

Со филмската екипата се единствените странци во деветмилионскиот град кој е затворен од 28 јануари

Содржината ја изработи Институтот за комуникациски студии. Новинарка: Ана Зафирова; монтажа: Ристо Душковски.


Слично

Поврзани вести