Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каменуван патнички воз во Драчево

Каменуван патнички воз во Драчево

Вчера во непосредна близина на Железничката станица Драчево, воз кој сообраќал на релација Скопје-Кочани е каменуван од страна на непознато лице.

Според информациите кои ги соопшти Министерството за внатрешни работи, синоќа кај Железничка станица-Лисиче во правец кон Железничка станица-Драчево, на околу 30 метри пред рампата за населба Драчево, од страна на непознато лице каменуван е патничкиот воз кој сообраќа на релација Скопје – Кочани, при што е скршено едно стакло.

Од МВР информираат дека нема повредени патници и дека се работи на расчистување на случајот.


Слично

Поврзани вести