Економија, финансии, бизнис

Контакт

Камен темелник за граничен премин меѓу Македонија и Косово кој се гради 5 години

Камен темелник за граничен премин меѓу Македонија и Косово кој се гради 5 години

Патот Белановце-Станчиќ требаше да биде асфалтиран пред две години, како што е предвидено со договорот меѓу Македонија и Косово, потпишан во 2013 година. Проектот предвидуваше работите да се завршат за 24 месеци nно камен темелник дури денеска ќе се постави со што ќе почне изградбата на заедничкиот граничен премин .

На церемонијата се најавени обраѓања на македонскиот вицепремиер за европски прашања Бујар Османи, косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај и амбасадорите на Европската Унија во Македонија и Косово, Самуел Жбогар и Наталија Апостолова.

Граничниот премин, што се гради со финансии од ИПА програмата на ЕУ, се очекува да ја олесни соработката меѓу двете држави, да придонесе за посигурни граници и за социјалниот и економскиот развој на граничната област, вклучувајќи ја и зголемената интеракција меѓу луѓето.

Слично

Поврзани вести