Економија, финансии, бизнис

Контакт

Камчев за Фактор, фотките на Груевски и бизнисот со струја: Година на турбуленции

Камчев за Фактор, фотките на Груевски и бизнисот со струја: Година на турбуленции

Крајот на годината ни тропа на врата. Тоа е време кога се сумираат резултатите од годината што заминува, а ние ги издвојуваме најчитаните текстови на Фактор за 2018-та.

Погледнавме низ нашата статистика а таа вели дека најчитано во годината што ја испраќаме денеска било интервјуто со бизнисменот Орце Камчев. Tој ексклузивно за Фактор зборуваше за договорот од Преспа и кажа дека би потпишал ист таков договор со Грција, како што потпиша Зоран Заев.

-Јасно и гласно ќе го кажам мојот став , мислам дека ниту ќе имаме подобра шанса, ниту дека сме имале похрабар лидер од премиерот Заев. Јас лично сум ЗА договорот со Грција, како и бев ЗА Договорот со Бугарија.Јас сум европски и светски човек и сакам Македонија да биде дел од таа структура. Сакам да живеам во Република Македонија различна од таа што е денеска, сакам да бидеме членка на НАТО и ќе направам се што е во моја можност...
... Тоа се вредности во кои сите ние ќе добиеме десет пати повеќе придобивки од она што го имаме денеска. Се тоа не го кажувам само јас, ниту само Заев, тоа ни го кажа целиот свет! Светски лидери како Меркел, Курц и Могерини кои дури дојдоа на крај кај нас, Државниот департмент, дури и Русија го поздрави договорот иако на некои им се сака да е е така.-кажа бизнисменот.
На втората позиција најчитан текст на Фактор е “Кој во Македонија направи милиони евра продавајќи струја од сонце?!!!“ 

„Сите шест милионерчиња заедно од 2012 година до февруари 2018-та произвеле струја колку што цела Македонија троши во два просечни зимски дена. За тоа наплатиле 12,35 милиони евра. Пржи ли или грее струјата од сонце?!!!
Сонцето е извор од кој се произведува електрична енергија и не ја загадува животната средина. За стимулација на тие што вложуваат со производство на струја од сончеви извори (фотоволтаици) нашата држава согласно со политиките на ЕУ даваше солидни стимулации. За нештата да станат појасни:  за еден произведен мегаватчас струја некои производители на струја од сонце наплаќаат 410 евра. За споредба тоа е десет пати повеќе од цената за произведената струја што ја наплаќа од државата најголемата домашна компанија ЕЛЕМ.Од 2011 година до сега повластената тарифа во два наврати беше снижена од 410 евра за мегаватчас на 260 евра за мегаватчас па на сегашните 120 евра за мегаватчас електрична енергија произведена од сонце. Ги пржи ли сонцето претворено во струја џебовите на сите нас граѓани и фирми кои во крајна линија го плаќаме овој „луксуз“?“ 

„Познато кој го фотографираше Груевски во Будимпешта“ е третиот најчитан текст на Фактор за 2018-та година.

Првата фотографија од екс-претседателот на македонската влада по неговото бегство и добивањето азил во Унгарија пред отслужување на двегодишната затворска казна ја направи британскиот новинар Даниел Нолан кој го фотографирал Груевски во близина на култна пивница во унгарската престолнина. 

Слично

Поврзани вести