Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАМБОВСКИ ПРОДАВА ПУФКИ: Најчевска за пресудата на судот во Тетово

КАМБОВСКИ ПРОДАВА ПУФКИ: Најчевска за пресудата на судот во Тетово

И професорката Мирјана Најчевска со свој став околу изречената пресуда за возачот од Тетово кој смртно ја прегази Теодора.

„Прво, прашањето не е зошто судијата не му изрекол повисока казна туку зошто не му ја потврдил казната која веќе била изречена.

Второ, прашањето е зошто јавниот обвинител не барал максимална казна туку станал дел од одбраната. Во ситуација кога на улиците на Македонија секојдневно се гине треба да се делува остро со максимални казни што ги овозможува членот 300 од Кривичниот законик (затоа што во случајот дефинитивно не се работи за небрежност ако се уште важи ова: “Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот - Член 300

(1) Ако поради делото од членовите 297 ставови 1 и 2, 298 став 1 и 299 ставови 1 и 2 или некое лице е тешко телесно овредено или настапи имотна штета од големи размери, сторителот ќе се казни со затвор ОД ЕДНА ДО ДЕСЕТ ГОДИНИ

(2) Ако поради делото од членовите 297 ставови 1 и 2,298 став 1 и 299 ставови 1 и 2 настапи смрт на едно или повеќе лица, сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години).

Објаснувањето на Судскиот совет и продавањето пуфки од страна на Камбовски зборува за огромно незнаење до ниво на правна неписменост кое е гарнирано со корупција и можен рекет и закани врз раздавателите и заштитниците на правото.

Во преамбулата на Универзалната декларација за човековите права стои дека е важно човековите права да бидат заштитени со владеење на правото за да не дојде до ситуација луѓето да бидат приморани на побуна. Во Македонија одамна е помината оваа граница и луѓето не само што се приморани на побуна туку нивна должност е да се побунат“, напиша таа.



Слично

Поврзани вести