Економија, финансии, бизнис

Контакт

Камбовски: Не е потребен референдум пред пристапувањето во НАТО

Камбовски: Не е потребен референдум пред пристапувањето во НАТО

Академикот Владо Камбовски смета дека не треба да се одржи реферндум во Македонија за одобрување на членството во НАТО кога пристапниот Протокол ќе биде ратификуван од сите земји-чќенки на Алијансата.

Ова професорот го истакна  на конференцијата на МАНУ - „Градење на вредносен и безбедносен систем: Услови за интеграција во НАТО“. Членот на МАНУ смета дека доволно е само одлука на Собранието и ратификација на Вашингтонскиот договор за земјата формално и официјално да влезе во сојузот.

- Уставот не предвидува никаква друга процедура, не предвидува никаков референдум, бидејќи НАТО не е сојуз на држави, туку во себе обединува врз принципи на координација и интероперабилност и зачувување на суверенитетот на секоја држава. Уставот предвидува референдум само ако се работи за пристап кон сојуз на држави ако притоа значи пренесување на одредени суверени надлежности и права на државата на некои супранационални или заеднички институции, што во случајов не е така, изјави денеска членот на МАНУ.

На конференцијата присуствуваа и вицепремиерката Радмила Шечеринска, поранешниот хрватски претседател Иво Јосиповиќ, францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, претседателот на МАНУ, Таки Фити, и други.

Македонија се очекува да стане најнова членка на евро-атлантскиот пакт на почетокот од следната година.

Слично

Поврзани вести