Економија, финансии, бизнис

Контакт

Камбовски бара Иванов да не ја запира перспективата на Македонија

Камбовски бара Иванов да не ја запира перспективата на Македонија

Aкадемик Владо Камбовски истакна дека претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, не се држи до своите ингеренции и дека треба да продолжи имплементацијата на договорот од Преспа во име на перспективата на државата.

- Штом прифатиш да бидеш претседател и си дал заклетва дека ќе го почитуваш Уставот, тогаш нормално е дека треба да се однесуваш согласно таквата определба консеквентно. Ако е тој според Уставот должен, не се работи за слободна волја дали ќе го потпише или не законот, дали ќе има ваков или онаков став, тоа е друга работа, негова уставна должност, оттука и законска должност е да го потпише законот, рече академик Камбовски.

Тој смета дека и најавеното референдумско изјаснување на граѓаните по однос спорот би можело да успее, односно со оптимистички став дека постои волја за таков исход кај политичките субјекти.

- Противењето на еден таков чекор треба да понуди некаква друга реална алтернатива која ќе даде некаква изгледност дека Македонија може да излезе од длабоката општествена криза. Јас очекувам дека на крајот ќе преовлада свеста кај најрелевантните политички партии дека е тоа добар и исправен правец, истакна Камбовски.

Тој најави дека Центарот за стратегиски истражување при МАНУ во септември ќе организира научна конференција на која ќе бидат дообјаснети решенијата од Договорот за решавање на спорот за името.


Слично

Поврзани вести