Економија, финансии, бизнис

Контакт

Камбовски : Нема оправдување за омразата, насилниците мора да одговараат

Камбовски : Нема оправдување за омразата, насилниците мора да одговараат

Академикот Владо Камбовски ги осуди насилствата во Собранието на Република Македонија изминатата недела кога беа крвнички претепани пратеници и новинари. Камбовски одржа говор полн со критики за време на одбележувањето на 114 годишнината од смртта на револуционерот Гоце Делчев во Македонската академија на науките и уметностите.

„Доста беше од неразумната волја за моќ и неодговорна власт, од партизирани институции, медиуми, од корупција и организиран криминал. Од слепа правда, од нееднаквост, од партиски, етнички, социјални и слични делби со ширење на омраза и непријателство. Доста беше од пропаднато образование, од непочитување на човечкото достоинство, од поданички менталитет. Доста беше од повикување на народот, а при именувањето на народ се мисли на група послушници, затоа што народот и народната обичајност се постари од секоја држава и власт, од партија или од поединец. Затоа оние што се повикуваат на народот треба да внимаваат, тоа обврзува на висока моралност и човекољубие без под никакви услови да оправдува омраза кон другиот и различниот“, изјави проф. Камбовски.


Слично

Поврзани вести