Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАМАТИТЕ НА КРЕДИТИТЕ НА ГОДИШНА ОСНОВА СЕ НАМАЛУВААТ, НО НА МЕСЕЧНА СЕ ЗГОЛЕМУВААТ: еве како се движат и кај депозитите

КАМАТИТЕ НА КРЕДИТИТЕ НА ГОДИШНА ОСНОВА СЕ НАМАЛУВААТ, НО НА МЕСЕЧНА СЕ ЗГОЛЕМУВААТ: еве како се движат и кај депозитите

Народна банка објави дека има раст на каматите на депозитите на годишна основа, додека пак кај кредитите и понатаму се забележува пад кај каматите, исто така на годишна основа. 

- Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,23 п.п., при што во август таа изнесува 2,19 отсто.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,54 п.п. и изнесува 4,90 проценти - се посочува во соопштението на НБ. 

Нивните податоци откриваат дека во август 2025 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,90 отсто и е намалена за 0,01 п.п. и 0,54 п.п. на месечна и на годишна основа, соодветно. 

Од друга страна просечната каматна стапка на вкупните депозити бележи месечен пад од 0,02 п.п., при годишен раст од 0,23 п.п. и изнесува 2,19 проценти.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во август, е повисока за 0,06 п.п. на месечна основа и изнесува 4,48 отсто, додека на годишна основа е намалена за 0,56 п.п. 

Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 2,06 проценти и оствари месечен и годишен пад од 0,29 п.п. и 0,37 п.п., соодветно. 


Слично

Поврзани вести