Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАМАТАТА НА НОВООДОБРЕНИТЕ КРЕДИТИ ДОСТИГНА 5,26 ОТСТО - не запира поскапувањето на заемите за граѓаните и за фирмите

КАМАТАТА НА НОВООДОБРЕНИТЕ КРЕДИТИ ДОСТИГНА 5,26 ОТСТО - не запира поскапувањето на заемите за граѓаните и за фирмите

Народна банка ги објави најновите бројки за каматникте стапки и на кредитите, и на штедните влогови, кои се однесуваат за март оваа година. 

Во март 2023 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,04 отсто и бележи месечен и годишен раст од 0,04 п.п. и 0,74 п.п., соодветно. 

Просечната каматна стапка на вкупните депозити е зголемена на месечна и годишна основа за 0,11 п.п. и 0,41 п.п., соодветно и изнесува 1,11 проценти.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во март, изнесува 5,26 отсто, што претставува месечно и годишно зголемување од 0,06 п.п. и 1,51 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на новопримените депозити забележа месечен и годишен раст од 0,33 п.п. и 1,36 п.п., соодветно и изнесува 2,04 отсто. 

Слично

Поврзани вести