Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАM Маркети: Случајот институциите да го истражат до крај

КАM Маркети: Случајот институциите да го истражат до крај

КАМ Маркети за случајот со пронајден глушец во замрзнат зеленчуков микс „Сани фантази- Царски микс” по потекло од Република Србија ги повика надлежните инспекциски служби да ја проверат информацијата и случајот да го истражат до крај.

„По утврдувањето на фактичката состојба ќе може да се превземат соодветните законски мерки со цел правилно информирање на јавноста, заштита на интересите на потрошувачите, но и интересите на засегнатите компании и пред се зачувување на искрено воспоставената доверба спрема маркетите на нашата компанија,“ велат од компанијата.

Агенцијата за храна и ветеринарство издаде забрана за промет на овој производ и нареди негово повлекување од рафтовите на КАМ маркетите на цела територија на државава откако на социјалните мрежи беа објавени фотографии од купено ќесе на микс зеленчук во кои има замрзнат глушец.

Од КАМ Маркети посочуваат дека предметниот производител во изминатово тримесечије бил три пати контролиран од секторот за контрола на квалитет во компанијата.

„Непосредно по објавувањето на информацијата, согласно процедурите на компанијата, важечките закони и стандарди во насока на заштита на интересите на своите потрошувачи KAM веднаш отпочна постапка за испитување на случајот и негово расветлување, а предметниот производ е во целост повлечен од сите наши маркети до разрешница на предметот со соодветен акт од страна на надлежните инспекциски органи“ додаваат од ланецот маркети.



Слично

Поврзани вести