Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАЛЕНДАР ЗА ШОПИНГ: Кога да купите јакна, парфеми, вино?

КАЛЕНДАР ЗА ШОПИНГ: Кога да купите јакна, парфеми, вино?

Во јануари е најдобро да купувате јакни и капути.  Во овој месец по Нова година обично има намалување на цените. Ако имате среќа да налетате на последното парче, можете да го купите и за 70% поевтино. 

Парфемите за 30% поевтино можете да ги купите во февруари околу Свети Валентин. 

Љубителите на добро вино најдобро е истото да го купат околу Свети Трифун кога има и голем избор. 

За купување на венчаници март е идеален месец и се смета дека тогаш има попусти. 

Најевтини авио билети можете да купите пред Католички Божиќ, Велики Петок и Нова година. Во мај за 40% можете да најдете поевтина постелнина. 

Во септември можете да купите за 30% поевтин костим за капење и да се подготвите за идното лето. Истото важи и за други реквизити за плажа. 

Слично

Поврзани вести