Економија, финансии, бизнис

Контакт

Калајџиев прашува како тоа во Шутка Јанева дел од писмото го напишала на компјутер

Калајџиев прашува како тоа во Шутка Јанева дел од писмото го напишала на компјутер

Дел од обвинителите на Специјалното јавно обвинителство ми кажаа дека писмото на Катица Јанева за предавање на предметите на СЈО на ЈО било пишувано на компјутер и на рака. Кој тоа ѝ го дал на Јанева писмото напишано на компјутер, на кое таа со рака нешто допишала? За овој скандал треба да се формира собраниска комисија која ова треба да го испита, изјави вечерва на ТВ Телма Гордан Калајџиев, професорото по кривично право.

„Кој влегол и ја посетил Јанева? Тоа се знае. Се снима. Директорот на затворот во Шутка Есад Рахиќ треба да одговори на некои прашања. Треба да се формира собраниска комисија. Кој тоа може да има компјутер во затвор? Тука нешто смрди“, изјави професорот Калајџиев.

Калајџиев бара да се утврди како е дојдено до тоа писмо.

Слично

Поврзани вести