Калајџиев: Повеќето ограничени правници ќе тврдат дека не е предвидено во закон - еве што вели професорот за ситуацијата на Јанакиески
По објавата дека поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески е однесен повторно во Идризово на отслужување на затворска казна за случајот „Титаник“, кој секако помина и најмногу време во нашите затвори поради разни кривични дела, за неговата ситуација се огласи и универзитетскиот професор Гордан Кајалџиев.
Неговите адвокати бараат спојување на делата и да му се признае времето поминато во затвор и за другите дела.
На оваа тема попладнево се јави и професор Кајалџиев, кој укажа дека нема пречка досегашното поминато време во притвот на Јанакиески да влезе во правосилната казна.
- Нема вистинска пречка притворите од различни постапки на осудениот да му се засметаат во правосилна казна; повеќето (ограничени) правници ќе тврдат дека тоа не е предвидено во закон! Законите се пишуваат по претпоставка еден обвинет една постапка. Ако случајот е комплексен (inter alia еден обвинет 10 постапки, решенијата ги бараме во правните принципи (R. Dworkin). Принципот на правичност бара фер компензација (restitutio in integrum) - напиша Кајалџиев на својот Фејсбук профил.
За потсетување екс министерот за транспорт денеска во попладневните часови е транспортиран во затворот Идризово каде треба да издржува три и пол години затвор за случајот Титаник.
Јанакиески е единствениот кој доби затворска казна за овој случај, откако во понеделникот скопска апелација му ја намали казната од четири и пол на три и пол години затвоир.
Титаник е првиот случај за кој на почетокот на 2016 година, тогашното специјално обвинителство отвори истрага за кривични дела против изборите и гласањето.
Дел од обвинетите во овој случај, меѓу кои и Јанакиески, признаа вина.
Адвокатите на Jанакиески бараа спојување на сите притвори кои ги има издржано, со вкупно времетраење од 4 години и 8 месеци и да му се засметаат во изречената казна За Титаник за да не ја издржува во затвор но судот до сега нема одучено за ова.
Објавата на професорот Кајалџиев предизвика лавина реакции од кои голем дел го поддржаа во ставот дека одлежаното треба да му се признае на Јанакиески.

