КАЛАЈЏИЕВ НЕГОДУВА ЗА ПРЕДЛОГОТ ЗА ПРАВОБРАНИТЕЛ: Дескоски му реплицира „Исто како што може кој годе да е професор“
Професорот Гордан Калајџиев реагира на предлогот за нов народен правобранител да биде Фатон Сељами.
„Не сте сериозни! Не може било кој да биде Народен правобранител!“, напиша тој.
На неговиот статус, реагираше професорот Тони Дескоски, кој му рече „ Може,може.
Исто како што може кој годе да е Професор без предлог од рецензиона комисија, а по предлог од Деканот, спротивно на ЗВО. И истиот да е борец против корупција. “Принцип је исти, све су остало нијансе” - Балашевиќ.“ му реплицираше Дескоски.
Слично
