Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какво време се очекува наредните денови?

Какво време се очекува наредните денови?

Во Mакедонија денеска во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд. 

Врнежите прво ќе ги зафатат северните, североисточните и северозападните предели, а подоцна и во останатите делови од Македонија. 

Во доцните попладневните часови врнежите ќе престануваат и постепено намалување на облачноста. Ќе дува доумерен засилен северозападен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 12 до 23 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 19 односно до 29 степени. 

Во среда во раните утрински часови услови за слаби врнежи од дожд можно е да има во крајните јужни и југоисточни предели, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и потопло време. Утринските температури ќе бидат во интервал од 7 до 16 степени, додека пак максималните дневни ќе се движат од 22 до 32 степени. Во четврток и петок по свежото утро со утрински температури од 5 до 14 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со максимални температури кои што ќе се движат од 23 до 33 степени, односно од 25 до 35 степени. Невообичаено свежо утро ќе имаме и во сабота со утрински температури од 6 до 15 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со температури од 26 до 36 степени. 

Слично

Поврзани вести