Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какво време се очекува денес?

Какво време се очекува денес?

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, поголема во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, најизразен долж Повардарието. Минималните температури ќе бидат од -2 до пет, а максималните 16 до 22 степени.

Во Скопје слично време со температура од 2 до 20 степени.

До среда времето ќе биде претежно сончево, а дневната температура ќе биде во пораст. В четврток сѐ уште ќе биде топло, но ќе има зголемена облачност и услови за локален дожд.


Слично

Поврзани вести