Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКВО ВРЕМЕ НИ НОСИ ПОЧЕТОКОТ НА ЈУНИ? Еве што велат метеоролозите

КАКВО ВРЕМЕ НИ НОСИ ПОЧЕТОКОТ НА ЈУНИ? Еве што велат метеоролозите

Под влијание на малку поладен воздух на висина поврзан со атмосферски фронт од север и на високи летни температури на воздухот во долниот слој од атмосферата, во првите денови од месец јуни во Македонија особено во попладневните часови ќе имаме дестабилизација на атмосферата, објави метеорологот Славчо Попоски.

„Во ваква ситуација локално ќе се развиваат конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално можни се поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења  и со услови за појава на град.

И во делови од Скопскиот регион во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и со услови за појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења  и со услови за појава на град.

Температурите пак ќе бидат во пораст и тие ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени, додека во Скопје  и околината температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 29 и 31 степен“, објави тој.



Слично

Поврзани вести