Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какво време не очекува викендов?

Какво време не очекува викендов?

Времето денес во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи со слаб до умерен интензитет, во јужните делово од земјата од дожд, а во северната од снег.

Повеќе врнежи ќе има во попладневните часови и речиси насекаде ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Максималните дневни температури и натаму ќе бидат во значително опаѓање во споредба со минатата седмица и ќе се движат од минус 1 Целзиусов степен во западните предели, околу 5 во југозападните и централните, до плус 8 степени во јужните делови од земјата. Во Скопје и околината утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе достигне до три степени. Крива Паланка 2, Маврово -2, Охрид 6, Битола и Кавадарци 4, Берово 3, Дојран 9...

Во сабота и недела променливо облачно, во утринските часови на повеќе места температурите ќе бидат под и околу нулата. Постепено затоплување со повремени врнежи од дожд ќе има од недела попладне и  дневни температури од 2 до 14 степени.

Слично

Поврзани вести