Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какво време не очекува викендов?

Какво време не очекува викендов?

Во Македонија времето ќе биде облачно и релативно топло со умерен јужен ветер. Во западните и крајните источни делови ќе има повремен локален дожд. Дневната температура ќе се движи од 7 до 21 степен.

Во Скопје ќе преовладува облачно време со умерен јужен ветер и температура до 18 степени. 

Во сабота во текот на денот ќе дува засилен повремено силен јужен ветер што ќе предизвика значително повисоки дневни температури до 20 степени. Од сабота попладне и во недела ќе има врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Облачно време со врнежи од дожд ќе имаме и во понеделник, а ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.

Врнежи со променлив интензитет ќе имаме и во текот на наредните денови, а на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Температурите ќе бидат во опаѓање.

Слично

Поврзани вести