Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА: ТОПЛО, ДЕНЕСКА И УТРЕ ПОПЛАДНЕ СО ДОЖД - наредната недела и до 35 степени

КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА: ТОПЛО, ДЕНЕСКА И УТРЕ ПОПЛАДНЕ СО ДОЖД - наредната недела и до 35 степени

Според податоците на УХМР, денеска претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови. УВ=7

Утре времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинтензивни. УВ=7

Во следните денови во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално со поинтензивни процеси, особено во сабота. Температурите ќе бидат во пораст, а особено топло се очекува во почетокот на наредната седмица кога на места температурите ќе надминуваат 35 степени.

Слично

Поврзани вести