Какво време не очекува оваа работна недела
Според Управата за хидрометеоролошки работи во првиот работен ден од оваа недела се очекува сончево време со мала до умерена облачност.
Попладне облачноста ќе се зголеми, а во западните делови ќе има појава на локален дожд.
Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
УВ индексот ќе изнесува 8.
Дневните температури на воздухот ќе се движат во интервал од 20 до 31 степени целзиусови.
Во Скопје се очекува слично време, сончево време со мала до умерена облачност и максимални 28 степени целзиусови.
Според метеоролозите и во наредните денови ќе продолжи
променливото и посвежо време.
Најоблачно и најсвежо се очекува да биде утре, кога во западните и јужните делови од земјава ќе има и пообилни врнежи од дожд, проследени со грмежи.
Потоа дневната температура ќе биде во пораст, а кон крајот на неделата во попладневните часови повторно ќе има локални врнежи и грмежи.
