Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какво време не очекува оваа недела?

Какво време не очекува оваа недела?

Не излегувајте без чадор од домот. Продолжува нестабилното време.

Според метеоролозите на првиот работен ден од оваа недела не очекува променливо облачно време, од претпладне со локален дожд, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер и услови за појава на град.

Дневните температури на воздухот ќе се движат во интервал од 13 до 26 степени целзиусови.

Во Скопје според синоптичарите се очекува слично време со максимални 22 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во следните денови ќе продолжи влијанието на циклонска активност од Медитеранот и над Балканот па ќе се задржи променливо, повремено и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни
врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град. Од петок се очекува постабилно и значително потопло време.


Слично

Поврзани вести