Какво време не очекува до крајот на месецот?
Пролетта стигнува во Скопје. До крајот на месец март се очекува времето да биде променливо: ќе имаме сончеви денови, но и дожд.
По утрешното нестабилно време со врнежи од дожд, до крајот на оваа седмица се очекува стабилно
и сончево време со температури до 22 степени.
За време на викендот ќе преовладува сончево време со температури до 15 степени.
Стабилното време ќе се задржи до крајот на следната работна седмица кога за викендот се очекува врнежи од дожд. Утринските температури ќе се движат до 5 степени, а дневните до15 степени.
Во последните десет дена од овој месец времето ќе биде променливо. Пред крајот на месецот се очекува кратка дестабилизација која ќе донесе дожд. Темперурите ќе се движат во рамки на просекот за овој дел од годината.
Слично
