Какво време не очекува до крајот на денот и за викендот?
Ветер со брзина до 72 километри на час е забележан во Тополчани, а краткотраен пороен дожд и грмежи попладнево се забележани во Светиниколско, Штипско и Кочани. Иако во поголемиот дел од земјата времето е сончево и топло, нестабилност е забележана и во Кривопаланечко и во источниот дел од скопската котлина.
До крајот на денот ќе биде сончевo и топло со мала до умерена облачност. Во северните и источните делови со локален пороен дожд и грмежи, а има и услови и за поинтензивни процеси со појава на град.
Во скопската котлина кон крајот на денот има услови за локален пороен дожд и грмежи и ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, но во текот на ноќта ќе настапи стабилизирање на времето и ќе преовладува ведро со умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец.
Времето утре ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер. УВ изнесува девет. Минималната температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната максимална температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 30 до 36 степени. Во главниот град и околината времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер. Температурите ќе се движи од од 19 до 34 степени.
До крајот на работната недела ќе преовладува сончево и топло време, а за време на викендот во попладневните часови, претежно во источните и северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси, особено во сабота. Во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени
