Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какво време не очекува денес?

Какво време не очекува денес?

Денес повторно ќе имаме променливо облачно и врнежливо време. Врнежите се очекува да бидат поинтензивни, кои наместа ќе бидaт поројни проследени со ретки грмежи, локално околу 30 литри на метар квадратен. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер претежно од западен правец, над 70 километри на час.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната  од 10 до 19 степени.

Во Скопје слично време, облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Во почетокот на наредната недела ќе има стабилизирање на времето и пораст на дневната температура. Во понеделник ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. 


Слично

Поврзани вести