Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какво време не очекува?

Какво време не очекува?

Денес во Македонија времето ќе биде променливо облачно време со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен јужен ветер. Највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 6 до 12 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со услови за слаб локален дожд и умерен југоисточен ветер. Максималната дневна температура се очекува да достигне до осум степени.

Од утре се очекува благ пораст на температурите. Облачното време ќе се задржи и утре со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Потоа од среда следува период на стабилно и суво време, а од четврток со значителен пораст на дневната температура.


Слично

Поврзани вести