Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какво време најави УХМР за вечерва?

Какво време најави УХМР за вечерва?

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за доцна попладне и во вечерните часови најавува пообилни врнежи од дожд во северните и во источните делови на Македонија. 

Во овие делови од земјата локално врнежите  ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

„Во ноќните часови под влијание на студен бран проследен со спуштање на студен воздух од север ќе настапи нагло заладување, а на планините врнежите ќе преминат во снег, но ќе слабеат во текот на ноќта,“- велат од УХМР.

На Балканот пак снегот го отежна сообраќајот во Хрватска и во Босна и Херцеговина. Слично е и во неколку земји од Европа. 

Дел од патиштата во Горски Котори и Лика во Хрватска се затворени, а на некои од нив е забрането движењето на товарни возила. Снег има и во Сараево што исто така предизвика метеж во сообраќајот.

Слично

Поврзани вести