Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какво време ќе имаме за викендот?

Какво време ќе имаме за викендот?

Во Македонија денеска времето ќе биде претежно сончево и потопло со благ пораст на дневните температури, но и ветровито. 

Ќе дува доумерен северозападен ветер кој ќе достигнува брзина и до 20 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 8 до 17 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 22 односно до 34 степени. УВ индексот ќе има вредност 8. 

Во Македонија во сабота ќе имаме уште едно подпросечно студено утро со утрински температури од 9 до 18 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло време со максимални температури од 25 до 37 степени. Во недела и понеделник времето ќе биде сончево и многу топло време со температури кои ќе го надминат повеќегодишниот просек. Утринските температури ќе се движат од 11 до 20 односно од 12 до 21 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 28 односно до 39 степени. Сончево и топло време во Македонија ќе биде и во вторник со благо опаѓање на температури, утринските од 11 до 20 степени, додека пак дневните од 27 до 38 степени.

Слично

Поврзани вести