Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какво време ќе имаме во следните 10 дена?

Какво време ќе имаме во следните 10 дена?

Под влијание на стабилна и сува воздушна маса, во следните десeтина денови времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност.  Најпрвин ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а потоа ветерот ќе ја намали својата брзина, и ќе биде од променлив правец.

Пред нас е доста долг период на сушно време и на „мини лето”, но со свежи ноќи и утра кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 15 степени, а во почетокот од следната седмица утрата ќе бидат уште посвежи и температурите тогаш ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 12 степени.

„Сепак преку денот максималните дневни температури ќе бидат пријатни и околу просекот за овој период од годината, и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени. Во Скопје и околината ќе имаме долг период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Најпрвин ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, а потоа ветерот ќе ја намали својата брзина“, вели метеорологот Славчо Попоски. 

Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 9 и 12 степени, а максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 25 и 27 степени.

Слично

Поврзани вести