Kaкво време ќе имаме во следните 10 дена?
Метеорологот Славчо Попоски вели дека нашата територија, но и територијата на целиот регион во следните десетина дена ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса која продира од југ (северните предели на Африка). Времето ќе биде сончево со натпросечно високи максимални дневни температури на воздухот, додека наутро и понатаму ќе биде свежо.
„Од средината на оваа седмица локално ќе има повеќе облачност, а од петок и за време на викендот во попладневните часови ќе има изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. И во делови од Скопската котлина од петок попладне ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 17 степени, додека особено во Малешевијата температурата ќе се спушта и под 10 степени, а максималните дневни температури на воздухот како што кажавме ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени“, вели Попоски.
Ув индексот во следните неколку денови ќе има висока вредност и ќе изнесува 7.
