Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какво време ќе имаме во наредните денови?

Какво време ќе имаме во наредните денови?

Денес времето во Македонија ќе биде претежно сончево и потопло со слаб до умерен југозападен ветер. Утринска температура се движи од -2 два до 4 степени, а дневната температура од 12 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со утринската температура до еден степен, а дневната температура ќе достигне до 20 степени.

Во понеделник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет најпрвин во западните делови. Локално ќе има услови за појава на грмежи проследени со краткотраен пороен дожд. Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер. Во наредните два дена облачноста ќе се задржи и ќе врне слаб локален дожд, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени. Веќе во четврток облачноста ќе се намалува.

Слично

Поврзани вести