Какво време ќе имаме викендов и за 1 мај?
Времето денеска во земјава ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови.
Попладне и во вечерните часови можно е да има ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, на места повремено засилен јужен ветер.
Температурата ќе се движи од 19 до 27 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе преовладува слично време, облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната дневна температурата ќе се движи до 25 Целзиусови степени.
Врнежи од дожд проследени со грмежи се очекуваат и утре, при што ќе има опаѓање на температурата за 4 до 5 степени. Ветерот ќе го промени правецот во северен.
Локални врнежи ќе има и следната работна недела, а температурите ќе бидат во пораст, под влијание на јужно воздушно струење.
Дожд ќе има и за 1 мај.
