Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какво време ќе имаме оваа седмица?

Какво време ќе имаме оваа седмица?

Во утринските часови денеска ќе имаме појава на магла која попладне ќе се намалува кога ќе преовладува умерено облачно време со повремени сончеви периоди. 

Ќе дува доумерен јужен и југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 35 км/ч. Попладне под влијание на циклон чиј центар се наоѓа над Италија, продор на влажна воздушна маса од запад, која што доцна попладне во југозападните, западните и северозападните предели ќе услови поинтензивни врнежи од дожд кои во вечерните часови ќе се прошират и во останатите предели од Македонија. Локално се очекуваат да наврнат до 30 литри дожд. Во текот на ноќта понеделник кон вторник врнежи од дожд ќе има во североисточните, источните и југоисточните предели, но ќе бидат со послаб интензитет. Минималните температури ќе се движат од 1 до 10 степени, додека пак максималните од 7 до 17 степени. 

Во вторник во утринските и раните претпладневни часови врнежите ќе престануваат и во текот на денот ќе преовладува умерено облачно и топло време со дневни температури кои ќе се движат од 4 до 13 степени. Во среда и четврток ќе имаме умерено облачно време со повремени сончеви периоди и малку постудено време со опаѓање на температурите. Во среда утринските температури ќе бидат од -4 до 4 степени, додека пак максималните од 3 до 13 степени. Во четврток минималните од -5 до 3 степени, додека пак дневните од 2 до 12 степени. Во Македонија во петок ќе биде умерено облачно време со повремени сончеви периоди и благ пораст на температурите, утринските од -3 до 5 степени, додека пак максималните од 3 до 13 степени. 

Слично

Поврзани вести