Какво време ќе имаме на почетокот од април?
За викендот ќе имаме убаво време, а од понеделник се очекува мала нестабилност.
Во сабота и недела ќе имаме сончево и многу топло време со температури кои и понатаму ќе бидат над просекот за овој период од годината.
Минималните температури ќе се движат од 1 до 8 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 15 односно до 25 степени. Во понеделник ќе биде претежно сончево со локална облачност и посвежо време, а попладне во северозападните, западните и југозападните предели времето ќе биде нестабилно со услови за локални врнежи од дожд и температури од 11 до 21 степени. Во вторник се очекува умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и осетен пад на дневните температури кои ќе се движат од 8 до 18 степени.
