Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какво време ќе имаме до крајот на октомври?

Какво време ќе имаме до крајот на октомври?

До самиот крај на овој месец нашата територија ќе се наоѓа под влијание на јужно и на југозападно воздушно струење, како и на топла воздушна маса од југ. Токму ова ќе условува и понатаму да имаме невообичаено топло време за овој период од годината, а ќе биде спарно и мачно.

Во исто време од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и на песок.

„Дестабилизирање на атмосферата ќе има во среда доцна попладне и во текот на ноќта кон четврток, како и во четврток кога ќе има повремени врнежи од дожд и тие локално ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи. И во следниот период ќе дува јужен и југозападен ветер, и тој повремено ќе засилува на интензитет. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 16 степени, а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот помеѓу  20 и 27 степени“, вели метеорологот Славчо Попоски. 

Во Скопје и околината температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 23 и 25 степени.

Ваквите временски услови и понатаму особено неповолно ќе влијаат врз метеопатите, каде се можни позначителни здравствени проблеми.

Слично

Поврзани вести