Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какво време ќе имаме денеска?

Какво време ќе имаме денеска?

Времето денеска во западниот и во централниот дел од Македонија ќе биде променливо облачно, со можност за врнежи од дожд во охридско,  додека во источниот дел на земјата ќе биде сончево, со ветер од променлив правец.

Утринската температура се движи од -3 до 6 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 11 до 21 степен.

Во Скопје се очекува променливо облачно време, со максимална дневна температура до 18 Целзиусови степени, во Маврово 11, Охрид 15, Битола 17, Кавадарци 19, Берово 14, Крива Паланка 15, Дојран 21 степен. 

И за наредните три дена временската прогноза е сончево и потопло со мала облачност. Дневните температури ќе бидат во постојан пораст - утре од 16 до 22, задутре од 18 до 25, а во четврток од 20 до 27 степени.

Синоптичарите до четврток прогнозираат стабилно и значително потопло време, со умерен ветер од јужен правец, а од петок се најавуваат повремени врнежи од дожд и опаѓање на дневната температура.

Слично

Поврзани вести