Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какво време да очекуваме до петок?

Какво време да очекуваме до петок?

Од утре ќе имаме промена на времето. 

Времето утре ќе биде променливо облачно, попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во источните делови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, утре времето ќе биде умерено облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Минималните температури ќе се движат од од 6 до 13 степени, а максималната од 18 до 26 степени.

Во вторник ќе има изолирана појава на краткотраен дожд, а преодно стабилизирање ќе настапи во среда.

Потоа во четврток и во петок во попладневните часови повторно ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, велат од УХМР.

Слично

Поврзани вести