Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какво ВМРО-ДПМНЕ посакува Никола Груевски во иднина?

Какво ВМРО-ДПМНЕ посакува Никола Груевски во иднина?

Eкс премиерот Никола Груевски вели дека не ги знае аргументите и доказите за разрешувањето во редовите на партијата со која тој долги години раководеше. 

Груевски рече дека посакува силна и обединета партија.

Груевски на пауза од рочиштето за случајот „Титаник” изјави дека нема да ги коментира случувањата во партијата. 

„Не ги знам сите аргументи и докази со кои располага раководството на ВМРО-ДПМНЕ и врз основа на кои ги темели своите одлуки. Ќе се воздржам од коментари затоа што можам да погрешам во една или друга насока. Посакувам силно и обединето ВМРО-ДПМНЕ кое брзо ќе го урне ова зло кое го има Македонија. Се покажа и се покажувало во минатото секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е силно, силна е и Македонија. Убеден сум дека и граѓаните го посакуваат тоа“, изјави Груевски. 

Откако дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ решија да гласаат „За“ почеток на уставните измени, партијата ги исклучи. 

Исклучени беа прво Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Елизабета Канческа-Милевска, Зеќир Рамчиловиќ, Нола Исмајлоска - Старова и Емилија Александрова, а на Централниот комитет препорака за исклучување е дадена за Сашо Мијалков, Никола Тодоров, Митко Јанчев е разрешен од партиските функции, и други лица. 

Адвокатите на Груевски потврдија дека во понеделникот ја добиле извршната пресуда, а сега чекаат да биде формиран упатниот акт на кој ќе биде означен датумот, часот и затворот каде Груевски ќе треба да се јави. Деновиве ТВ 21 објави дека тој ќе треба да замине во кумановскиот затвор, објект кој лично тој го пушти во употреба.

Слично

Поврзани вести